Државата повторно се задолжува и овој пат од домашните банки и фондови. Од вчера на Берзата котира нова домашна државна обврзница објавена на сума од близу 24 милиони евра. Каматата е прилично висока и изнесува 5,6 проценти.
Тоа говори дека банките и приватните фондови не се воопшто попустливи кон националниот буџет, туку го кредитираат со каматна стапка од 5,6 проценти, камати кои државата ги наплатуваше и при претходните издавања на обврзници.
Кредитори и овој пат се домашните банки и фондови, кои и позајмуваат средства на државната каса кога таа има тековна потреба од ликвидност.
Државни обврзници се без девизна клаузула. Тие се издадени на 8 август годинава, а ќе се вратат на истиот датум, во 2039 година.