Актуелните светски рекордери во скок со стап и на 400 метри со пречки, Швеѓанецот Арманд Дуплантис и Норвежанецот Карстен Ворхолм, ќе се натпреваруваат на трката на 100 метри во Цирих, на 4 септември, ден пред почетокот на Дијамантската лига во овој град, откри Дуплантис.
На неодамна завршените Олимписки игри во Париз, Дуплантис успешно ја одбрани титулата олимписки шампион во скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6,25 метри, додека Ворхолм го освои среброто во Париз, на 400 метри со пречки, зад златниот Американец Раи Бенџамин.
Дуплантис и Ворхолм долго време го планираа својот спринт- тест, но го чекаа вистинското време за да го сведат ризикот од евентуална повреда на минимум. Личниот рекорд на Ворхолм на 100 метри е 10,49 секунди, го постигна уште во 2017 година, додека Дуплантис истрча 10,57 во 2018 година, кога беше средношколец, но со ветер в грб од 2,1 метар во секунда.