УКРАИНА НИКОГАШ ПОДАЛЕКУ ОД МИР: Русија ќе ги стави преговорите на „долга пауза“

244

Министерството за надворешни работи на Русија одлучи да ги стави мировните преговори со Украина на „долга пауза“, објави Родион Мирошник, раководител на секторот на Министерството кој се занимава со т.н. „злосторства на режимот во Киев“.

Од Русија ги нарекоа „терористички чин“ акциите на украинските војници во двата руски региони Курск и Белгород и отфрлија секаква можност за мировни преговори со Киев во наредниот период.

Од друга страна, Украина постојано нагласува дека мировните преговори мора да започнат со повлекување на руската армија од сите делови на Украина, вклучително и од полуостровот Крим.

Украина тврди дека има под своја контрола околу 1000 квадратни километри во Курската област и дел од Белгородската област. Русија прогласи вонредна состојба во двата региони, а во тек е масовна евакуација на населението.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во објава на социјалната мрежа Х рече дека 73 населени места во Русија се под украинска контрола и дека се очекува понатамошен напредок во следните неколку дена.