Дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат младиот напаѓач од редовите на Брајтон, Еван Фергусон да биде последна летна аквизиција на „Олд Трафорд“. Истите медиуми шпекулираат дека во следните неколку дена „црвените ѓаволи“ ќе испратат официјална понуда за ирскиот интернационалец која нема да биде помала од 50 мил. фунти.