Свекор ја нападнал поранешната снаа, и го искршил возилото и ги повредил нејзините деца

296

Дваесет и осумгодишна жена од Скопје, вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, пријавила дека на подрачјето на Чаир, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор А.Д.

При нападот тој и го оштетил нејзиното возило во кое биле нејзините малолетни деца, кои се здобиле со повреди.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.