Ѕвездата на „Игра на тронови“ за борбата со алкохолизмот: „Ми се гадеше од себе си“

92

Актерот Кит Харингтон со години се бореше со алкохолизмот. Раскажал дека додека не престанал да пие, се мразел себеси и со гадење се гледал во огледало.

Ѕвездата на „Игра на тронови“ изјави за GQ Hype дека трезвеноста е на врвот на неговата листа на најголеми достигнувања.

„Буквално би се презирал себеси и не би се гордеел со ништо“, рече тој.

Тој рече дека неговата зависност го довела до длабока депресија со самоубиствени мисли. Сето тоа се смени во 2019 година, кога актерот се пријави на лекување, само неколку недели пред финалето на серијата на HBO.

Кит бил подложен на психолошко советување, когнитивно-бихејвиорална терапија и научил да медитира.

Тој е благодарен што ја „видел светлината“ пред да му се родат децата. Има тригодишен син и едногодишна ќерка.

Инаку, тој претходно откри дека тешко се справува со славата и дека има сериозни проблеми со менталното здравје, а за сето тоа зборуваше во интервју за The Sunday Times.

„Нештата што ми се случија откако заврши серијата, а кои се случија за време на снимањето, беа прилично трауматични по природа и вклучуваа многу алкохол“, рече актерот.

Во некои моменти се сметал за лоша личност и размислувал да си го одземе животот.

„Поминав низ периоди на вистинска депресија кога сакав да правам секакви работи“, откри тој.