За видео од неколку минути ТикТок плаќа македонска минимална плата 

553

Тиктокерката Лиза од Велика Британија сподели колку заработила откако нејзиното видео „собрало“ над милион прегледи. Виралното видео што го снимила и објавила го виделе точно 1,1 милион луѓе, а Лиза, која има над 55 илјади следачи, на ТикТок споделува содржина поврзана со штедењето, хонорарната работа и плановите за отплата на студентски кредит.

Освен ова, Лиза снима видеозаписи во кои открива совети и трикови за онлајн банкарство, кои можат да помогнат во штедењето и во управувањето со буџетот. Во своето најпопуларно видео зборува за своите искуства со хонорарната работа и ги објаснува своите цели врзано со тоа.

-Заработив 310 фунти. Дали е тоа повеќе или помалку отколку што очекувавте? Прилично сум задоволна, искрено, тоа сепак се пари заработени без многу мака, вели таа во видеото, пренесува Индекс.хр.

Сумата од 310 фунти, која е еднаква на нешто над 360 евра, предизвика различни реакции од луѓето кои го виделе. Некои коментирале дека се изненадени зашто очекувале поголема сума, а некои дека таа заработка е одлична.

“Тоа е шокантно, мислев дека ќе има околу 1.000 фунти“,”Помалку отколку што мислев, но сепак добро “, “Искрено, не е лошо”, “Мислам дека тоа е одлична сума! Претпоставив 100-200, така што над 300 е фантастично”, стои во некои од коментарите.

Инаку, Лиза ги заработила парите директно до ТикТок врз основа на бројот на прегледи на видеото. Таа објаснува дека RPM (приход по илјада прегледи) одредува колку пари ќе заработите за секои 1.000 прегледи. Порачува дека за 1.000 прегледи таа заработила околу 56 пени. Но, за да се сметаат прегледите за плаќање видеото мора да трае повеќе од една минута, гледачот мора да го гледа најмалку пет секунди и мора да биде прикажано на страницата For You, пренесува Индекс.хр.

Инаку, во дел од земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија, тиктокерите не можат да заработат директно од ТикТок врз основа на бројот на прегледи. Фондот за креатори на ТикТок кој исплатува врз основа на бројот на прегледи и ангажманот, се уште не е достапен за нив. Индекс.хр пишува дека таква е ситуацијата и во Хрватска, а таму, како и во другите земји каде нема директна исплата од ТикТок, тиктокерите можат да заработат на други начини. Се заработува од рекламирање брендови, а заработката зависи од успешноста во нивно привлекување, а не од бројот на прегледи. Инфлуенсерите имаат опција и да промовираат производи преку affiliate линковите и да заработуваат провизија од продажба. Тиктокерите тоа го прават на тој начин што го споделуваат линкот и така промовираат производи или услуги на други фирми. Кога некој ќе кликне на таков линк и ќе купи нешто, личноста која го споделила добива провизија од таа продажба.

Во ТикТок светот познат е Сенегалецот Ламе кој од една објава заработува шест цифри, а остварил и годишна заработка од 10 милиони долари. Но, поголем дел од тие пари дошле од рекламираните брендови на неговиот профил. На пример, едно холивудско студио му исплатило 750.000 долари.