– Прво, престани да јадеш како крава! Зошто? Сакаш да станеш светски рекет број еден и да освоиш грен-слем турнир. Прекумерната тежина, како професионален спортист, не ти помага да ги постигнеш целите – ѝ напиша револтираниот навивач

Тенисерките често се жртви на злоупотреба на Интернет. Најмногу откако некои корисници на социјалните мрежи, разочарани од тоа што не добиле кога се обложиле на нив кога играле, ги обвинуваат за местење или ги исмејуваат дека се неспособни да играат тенис. Последна во низата што се навредени од навивач е една американска тенисерка, и тоа само поради физичкиот изглед, односно поради тежината.

Аманда Анисимова е 132. тенисерка во светот, но и најголемо откритие на ВТА 1000-турнирот во Торонто. Американката со руско потекло, во четврт-финалето, сензационално ја елиминира третопласираната во светот, Арина Сабаленка, совладувајќи ја со 6:4, 6:2.

Во полуфиналето беше подобра од Ема Наваро (15. во светот) и ова може да биде најава за нејзиното враќање во времето кога, во 2019 година, играше полуфинале на Ролан Гарос и беше 21. во светот, нејзино најдобро рангирање во кариерата.

Сепак, таа беше запрена во финалето, по три сета. Подобра од неа беше Џесика Пегула, која го доби американското финале со резултат 6:3, 2:6, 6:1. Но, Анисимова направи големи и неочекувани работи со пласманот во финалето.

По претходната победа против Наваро, таа призна дека нејзина идна цел е да освои грен-слем турнир и да стане број еден на ВТА-листата.

– Се надевам дека, благодарение на соодветните тренинзи и на грижата за моето здравје, ќе успеам да го постигнам тоа – призна 22-годишната тенисерка на прес-конференција.

Нејзината изјава беше споделена на профилот на „The Tennis Letter“, а како одговор, еден од анонимните корисници беше многу груб во коментарот.

– Прво, престани да јадеш како крава! Зошто? Сакаш да станеш светски рекет број еден и да освоиш грен-слем турнир. Прекумерната тежина. како професионален спортист. не ти помага да ги постигнеш целите.

Анисимова одговори На овие зборови.

– Немаш ли нешто подобро да напишеш од коментар за телото на 22-годишна девојка? Дали имаш работа или пријатели? По ѓаволите, пријателе! Верувај ми, добро е и мислам дека никој овде не бара ваш совет – напиша тенисерот на страницата X.

Следна станица на младата Американка е турнирот во Синсинати, а на почетокот ја очекува дуел со искусната Викторија Азаренка од Белорусија.