Црна Гора воведува две минимални плати за вработените во зависност од образованието. За оние со средно и пониско образование минималецот би бил 600, а за вработените со више и повисоко образование од тоа – 800 евра.
Ваква измена на Законот за труд изгласа Социјалниот совет, а останува уште да ја усвои Собранието. Социјалниот совет го сочинуваат по осум претставници на Владата и на Унијата на работодавци и по четири на Сојузот на синдикати и Унијата на слободни синдикати. Против гласаа сите четворица претстравници на Унијата на слободни синдикати бидејќи сметаат дека таква поделба на две минимални плати е во спротивност со самата дефиниција и проирода на минималната заработа, како и дека не е во соглсасност со конвенцијата на Меѓународната организација на трудот и со Директивата на ЕУ. Сојузот на сидникатите и Унијата на работодавци соопштија дека го поддржуваат предлогот, но некои нивни претставнции не гласа „за“. Ова е првпат одлука во Социјалниот совет да се носи со надгласување, а не со консензус.
Воведување две минимални плати е дел од нацртот на фискалната стратегија на Владата, како и на политичката програма “Европа сега 2” за да може статистички да се дојде до просечна заработка од 1.000 евра. Премиерот Милојко Спајиќ ја поздрави одлуката за зголемување на минимланата плата.
-Ја поздравувам одлуката на Социјалниот совет да го поддржи зголемувањето на минималната плата како главна мерка од програмата „Европа сега 2”. Се бориме за подобар стандард и достоинствен живот на сите наши граѓани, напиша тој на Икс.
Во 2020 година минималната плата изнесувала 222 евра, па со најавеното зголемување таа би се зголемила за речиси четирипати.