Дерматолог ја откри тајната како да ја „продолжите“ младоста: Ќе го забавите стареењето ако ги јадете овие 2 состојки секој ден

691

Генетиката и начинот на живот играат значајна улога во тоа дали некој изгледа младо, но важен фактор е и исхраната. Доколку сакате да имате мека кожа и блескав тен дури и во подоцнежните години од животот, јадете храна која го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за здрав и сјаен изглед на кожата. Дерматологот Аманда Дојл откри три намирници за кои вели дека можат да го забават стареењето.

Колагенот и другите амино киселини, кои се добри за кожата, природно се наоѓаат во белките од јајца, кои исто така имаат хранливи протеини. „Колагенот е клучна компонента во спречувањето на брчките, а се верува дека овој природен внес на колаген од белките може да помогне во природната синтеза на колаген во телото“, објаснува дерматологот. Тој додава дека колагенот од белките ја зголемува затегнатоста на кожата, ги намалува брчките околу очите и на лицето. „До седум јајца неделно може да бидат одлични за кожата и нема да му наштетат на здравјето на срцето“, вели дерматологот.

Цреши

Црешите содржат антиоксиданси и микронутриенти, како и витамини А и Ц, железо, фолна киселина и калциум. Антиоксидансите имаат силни својства против стареење, а витамините А и Ц докажано имаат фотозаштитни својства“, посочува дерматологот. Овие фотозаштитни својства можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување на сонцето.

Црешите содржат антиоксиданси и микронутриенти, како и витамини А и Ц, железо, фолна киселина и калциум.

Авокадо

Авокадото е одлична храна за сјајна кожа на која било возраст. Се препорачува како закуска или во салата. Богат е и со витамин Е и добри масти. „Можете да консумирате авокадо за да се заштитите од стареење и оштетување на сонцето“, вели дерматологот. Би ве советувала да јадете помеѓу половина и цело авокадо секој ден“, истакнува таа.