Грчката полиција трага по две деца кои беа пријавени за исчезнати на 13 јули на островот Родос.Исчезнувањето на две малолетни деца во Родос предизвика активирање на Amber Alert во Грција.
Како што пишуваат грчките медиуми, тие биле киднапирани од нивната мајка и речиси еден месец од нив нема ни трага ни глас. Во Грција е активирана килибарна тревога со за трагање по децата, за кои се верува дека се во опасност, пишуваат грчките медиуми.
Мајката ги земала синот Јоанис Рафаел Апостолакис (8) и ќерката Ирини – Агапи Апостолакис (6) и исчезнала во непознат правец, а полицијата бара секој кој ги видел децата или има некаква информација да ја извести најблиската полициска станица.