Во текот на Олимписките игри во Париз, Светската антидопинг агенција (ВАДА) издаде соопштение во кое потврди дека Американската антидопинг агенција (УСАДА) им дозволувала на регистрираните позитивни спортисти да се натпреваруваат со години, без да ги санкционира.
Стигна демант за тврдењата на УСАДА дека е направено тоа со одобрение на ВАДА, со план да се обиде да ги принуди тие спортисти да откријат други допингувани спортисти.
Во соопштението за јавноста, се наведува дека оваа акција на УСАДА го загрозува интегритетот на спортското натпреварување, кое Светскиот антидопинг кодекс се обидува да го заштити. Постои одредба во Кодексот според која спортистот што дава значителна помош, може последователно да побара суспензија на дел од периодот на забрана, меѓутоа постои јасна процедура за тоа, која не вклучува дозвола оние што мамеле, да продолжат да се натпреваруваат.
ВАДА е свесна за најмалку три случаи во кои им било дозволено на спортистите што извршиле сериозно прекршување на правилата, да продолжат да се натпреваруваат со години. Тие дејствувале како тајни агенти за УСАДА, без да биде известена ВАДА и без никаква одредба што ја одобрува таквата практика.
Во еден случај, елитен спортист, кој се натпреваруваше во олимписките квалификации и на меѓународните настани во Соединетите Американски Држави, призна дека зел стероиди и ЕПО, но никогаш не беше објавено за неговиот случај, не беше дисквалификуван, а можеше да ги задржи и парите од наградата.