Transcom Македонија со гордост најавува возбудливо проширување на својата активност во земјава со нов проект од областа на корисничката поддршка во соработка со престижен клиент специјализиран за луксузни крстарења. Како дел од меѓународната компанија Тranscom, која има над 33.000 вработени ширум светот, вклучително и повеќе од 350 во нашата земја, сега нудиме извонредна можност за градење на кариера во Скопје како Консултант за туризам на германски јазик.

За новиот проект

Овој проект претставува одлична можност за секој кој сака да направи промена во кариерата и кој зборува германски јазик. Доколку сте амбициозни, динамични и сакате да работите во глобално опкружување, ова е можност што не треба да ја пропуштите! 

Вашата улога

Како член на нашиот тим, вашата улога ќе биде клучна во обезбедувањето на супериорна корисничка поддршка за клиентите на компанијата за луксузни крстарења. Вашите одговорности ќе опфаќаат:

Помош за резервации за патување: Помош на корисниците во процесот на резервација на луксузни крстарења и патувања.

Промени во резервацијата: Прилагодување на датумите на патување и други детали според барањата на корисниците.

Додавање патници: Вклучување дополнителни патници по барање на корисникот во постоечките резервации за споделени спомени со најблиските.

Персонализирани патувања: Создавање приспособени патувања кои овозможуваат дополнителни поволности и бонуси за продажба.

  • Помош при правење резервации за патувањата: Асистенција на корисниците во процесот на резервирање на луксузни крстарења и егзотични патувања.
  • Правење на промени во резервациите: Прилагодување на датумите за патување и други детали согласно барањата на корисниците.
  • Додавање на патници: Вклучување на додатни патници во постоечките резервации.по барање на корисниците.
  • Персонализирани патувања: Креирање на приспособени патувања кои овозможуваат дополнителни погодности за патниците, а за вас – остварување на бонуси за продажба.

Што нудиме?

  • Плата: Атрактивна нето плата од 55.860 денари.
  • Бонус за добредојде: Бонус за добредојде во износ од 400 евра за сите нови вработени.
  • Бонус за продажба: Можност за остварување на дополнителни бонуси во износ од 50 до 200 евра месечно преку продажни активности.

Вредностите на Transcom

 “We Are Team Players”

Во Transcom, веруваме дека успехот доаѓа од силната тимска работа. Нашата вредност „Ние сме тимски играчи“ ја одразува нашата посветеност на соработката и поддршката помеѓу колегите. Како дел од нашиот тим, ќе бидете дел од работната средина која ја цени заедничката работа, споделувањето знаење и меѓусебното помагање за постигнување на заедничките цели. Вашата способност да работите како дел од тим ќе биде од суштинско значење за успехот на овој проект и за вашиот личен развој.

“We Are Lifelong Learners”

Другата клучна вредност што сакаме да ја нагласиме е „Ние сме доживотни ученици“. Оваа вредност ја нагласува нашата посветеност на континуираното учење и професионалниот развој преку нашата внатрешна платформа позната како Trancom University како и преку спроведување на детални обуки за сите наши нови вработени на овој проект. Како дел од нашиот тим, ќе имате пристап до различни програми и ресурси за обука кои ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини и знаења.

Зошто токму Тranscom?

Transcom е меѓународна компанија позната по својата посветеност на извонредностa и постојаниот раст. Нашата работна култура се заснова на иновации, тимска работа и континуирано учење, што ни овозможува континуирано да обезбедуваме супериорна услуга и поддршка на нашите клиенти и вработени.

„ Работата во Тranscom ми овозможи целосно да го искористам својот потенцијал и континуирано да учам и да растам. Како член на тимот, се чувствувам поддржано и ценето, што резултира не само со мој професионален развој, туку и со лично исполнување. Нашата работна култура се заснова на тимска работа и постигнување на заеднички успеси, што ја прави работната средина инспиративна и мотивирачка. Секој ден е можност за учење и усовршување, и токму тоа е она што го прави Transcom посебен и уникатен. “
Анастасија, вработена во Transcom

Искуството на Анастасија говори за нашата посветеност да создадеме работна средина каде секој вработен може да се развива и напредува. Нашата посветеност на иновациите, соработката и континуираното учење ни овозможува постојано да ги подобруваме нашите услуги и да обезбедуваме извонредна поддршка и за нашите клиенти и за вработените.

Пријавете се!

Доколку сте подготвени за нова кариерна авантура и сакате да станете дел од нашиот успешен тим, ве покануваме да се пријавите на следниот линк:
https://apply.careers.transcom.com/en_US/careers/JobDetail/North-Macedonia/2436.
За подетални информации за позицијата, можете да го контактирате нашиот тим за регрутирање на следнава е-маил адреса: ta.macedonia@transcom.com

Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од една инспиративна средина придонесувајќи секојдневно во создавање незаборавни искуства за нашите корисници!

Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!