Серена Вилијамс ќе полуди: Хотелски работник не ја препозна, а камо ли да и даде маса во ресторан

268
EPA EFE JUSTIN LANE

Хотелскиот работник во Париз, на кој Серена Вилијамс серизоно му се налутила затоа што ѝ го забранил пристапот до ресторан на покривот, всушност немал поим кој стои спроти него.

Серена, која зад себе има 23 Грен слем титули, со денови „фрла оган“ на Инстаграм.

Таа сакала да ужива со семејството на покривот на хотелот, но не и бил дозволен пристап поради резервации.

Хотелот ова го објасни во официјално соопштение, а вработена во хотелот за Variety изјави дека нејзиниот колега не ја препознал тениската легенда.

„Кога таа дојде имаше само две слободни маси, но беа резервирани од клиенти на хотелот. Мојот колега не ја препозна и се чувствува ужасно, но тој ѝ кажа што ќе му каже на секој друг клиент, а тоа е да чека долу во барот додека не се ослободи некоја маса. Не беше апсолутно ништо лично“, објасни вработената.

Вилијамс беше во Париз на Олимпијадата, заедно со нејзиниот сопруг Алексис Оханијан и нивните деца.