Потенцијалниот развод на Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе со недели го привлекува вниманието на јавноста, а сега е откриено дека двајцата наводно повеќе не разговараат.
Според TMZ, пејачката и актерот целосно престанале да разговараат што го отежнувало постигнувањето на договор за развод.
Потсетуваме дека претходните недели медиумите пишуваа за новата вила вредна неверојатни 20,5 милиони долари, која Бен ја купи како „ергенско дувло“.
Пријателките на Џенифер открија дека купувањето ја налутило и се чувствувала како да е „и забил нож во срцето“, пишува Дејли мејл.
После тоа Џенифер Лопез беше видена без бурма во јавноста, додека Афлек целосно го промени својот изглед.