Пченицата ни ја зедоа за џабе, а сега сакаат истото да го сторат со грозјето

Земјоделците се револтирани од ниските откупни цени на земјоделските производи. Велат дека пченицата им ја зедоа за џабе, под производствената цена, а сега сакаат истото да го сторат и со грозјето. Понудените откупните цени на грозјето ги налутија лозарите, кои велат дека нема никаква економска оправданост смедеревката да се откупува по 16,5 денари, а вранецот по 19 денари за килограм бидејќи реалната производствена цена на винското грозје е над 20 денари за килограм. За нив економска одржлива цена е 25 денари за смедеревка и 30 денари за килограм вранец

1474

Земјоделците се револтирани од ниските откупни цени на земјоделските производи. Велат дека пченицата им ја земаа за џабе, под производствената цена, а сега сакаат истото да го сторат и со грозјето. Понудените откупните цени на грозјето ги налутија лозарите, кои велат дека нема никаква економска оправданост смедеревката да се откупува по 16,5 денари, а вранецот по 19 денари за килограм, бидејќи реалната производствена цена на винското грозје е над 20 денари за килограм. За нив економска одржлива цена е 25 денари за смедеревка и 30 денари за килограм вранец.

Претседателот на Национална земјоделска мрежа, Ѓорги Каракашев вели дека земјоделците се соочуваат со проблеми при пласманот на земјоделските производи поради ниските откупните цени што ги нудат откупувачите кои се погубни за нив.

-Откупот на пченицата е катастрофален од причина што откупните цени се далеку под производствените и земјоделците работат со загуба. Производствената цена утврдена од Земјоделски институт – Скопје е 14 денари, а пченицата се откупува од 9 до 11 денари за килограм. Ако државата не преземе ништо, полјоделците ќе се откажат од садење пченица. Од друга страна, пак, мелничарите и пекарите остваруваат екстра профити на сметка на земјоделците и на граѓаните кои плаќаат повисока цена на лебот, вели за весникот ВЕЧЕР, Каракашев.

Оваа година потребите за пченица се 370 илјади тони, а ние имаме производство под 200 илјади тони и за да ги задоволиме потребите и годинава треба да увезуваме од надвор.

Откупните цени на грозјето кои ги објавија винарниците во државата, Каракашев вели дека се понижувачки. Винарниците понудија За лозарите економска одржлива цена е 20 денари смедеревка и 30 денари за килограм вранец.

-Откупните цените кои беа објавени во законски рок, односно до 1 август се економски неоправдани и лозарите во старт се во загуба. Никој не ги прашува и не се договара со лозарите за тоа по која цена би било рентабилно да се откупува грозјето и која ќе одговора и на производителите и на откупувачите и преработувачите. Винариите за жал, се уште ги диктираат условите, вели Каракашев.

Винарниците понудија 16,5 денари за килограм смедеревка и 19 денари за килограм вранец, кои немаат никаква економска одржливост, бидејќи реалната производствена цена на винското грозје е над 20 денари за килограм. Според тоа, за лозарите прифатлива цена е 25 денари за смедеревка и 30 денари за килограм вранец.

Според Законот за вино од 2024 година Министерството за земјоделство е задолжено до 15 јули да изготви производствена цена и врз основа на неа да формира гарантирана цена која е повисока за 25 отсто од производствената. Но, Министерството доцни со пресметките.

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски го призна доцнењето поради неуспехот на претходната влада навремено да ја усвои и усогласи Методологијата со законската регулатива.

Тој рече дека производната цена на грозјето ќе ја утврдува Министерството, а не поединечните винарски визби. Тој појасни дека Министерството има воспоставено Методологија за пресметување на производната цена на двете примарни вински сорти смедеревка и вранец. Трипуновски рече дека постигнат е договор со Земјоделскиот институт – Скопје за утврдување на производната цена, која ќе вклучува 25 отсто профитна маржа за лозарите.

(А.С.)