Цената на златото урива рекорди

144

Цената на златото на светските берзи надмина рекордна вредност од 2.000 долари за унца, но засега во термински договори. Германците во првата половина во оваа година купиле 83,5 тони злато, со што ги надминале Кинезите.

Златото така го надмина рекордот од септември 2011 година, кога вредноста му беше 1917 долари за унца од 31,1 грам.

На крајот од минатата неделата цената на златото беше 1976 долари, што е за 4 отсто повеќе од минатата недела.