Автобуска несреќа во Италија: Едно лице загина, 15 се повредени кога автобус со кинески туристи удрил во заштитната ограда на патот

67
Фото:принтскрин Х

Во сообраќајна несреќа на автобус со туристи, за кои италијанските медиуми јавуваат дека се кинески државјани, едно лице загина, а 15 се повредени на автопатот меѓу Рим и Фиренца, соопштија пожарникарите, пренесе агенцијата Хина.

Несреќата се случила во близина на градот Арецо, а учествувал автобус со 25 туристи, се вели во соопштението на пожарникарите на Х.

 

 

Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека автобусот удрил во заштитна ограда и дека шофершајбната му е уништена.

Според весникот „Кориере дела сера“, туристите се кинески државјани и патувале од Рим за Фиренца.