Возило излетало на патот Велес – Извор, две лица повредени

29

На регионалниот пат Велес кај селото Извор во близина на селото Бусилци на кривините утрово во 8:10 часот возилото „фиат браво“ со велешки регистерски таблички излетало од коловозот, а две лица повозрасни сопружници од Велес се повредени, од кои 70 годишната жена која била сопатник во возилото има потешки повреди, а нејзиниот 75 годишен сопруг кој возел е со полесни повреди, констатирани во велешката болница, информира за МИА Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Оттаму велат дека повредени се сопружници, од кои 70-годишната жена како сопатник во возилото „фиат браво“ има потешки повреди, а нејзниот 75-годишен сопруг како возач има полесни повреди.

„Повредените се пренесени во велешката болница“, велат од СВР Велес.