Неостварлива желба е кредитот за железницата кон Бугарија да се пренамени кон Србија!

Министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, со свој став

2468

  Како што објаснува министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, неостварлива е желбата на Мицкоски и на Николоски да го пренаменат кредитот за железницата, место кон Бугарија, кон Србија. Таа посочува дека од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и разбој се одобрени вкупно 350 милиони евра, како кредит за пругата кон Бугарија, и тие пари не може да се пренаменат. – Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем – објасни министерката за конкретниот случај и дополнителни дека има уште 150 милиони грантови, кои, исто така, се за оваа намена

 

 

Од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и разбој се одобрени вкупно 350 милиони евра, како кредит за пругата кон Бугарија, и тие пари не може да се пренаменат. Ова е одговорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, откако на оваа тема, деновиве, се произнесоа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кои сметаат дека добро е да се пренамени кредитот за железницата, место кон Бугарија, кон Србија. Како што објаснува министерката, тоа е исто како да сте зеле наменски кредит од банка, за друго не може да го користите. Исто така е и во конкретниот случај, кредитите се наменски.

– Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем – објасни министерката за конкретниот случај и дополнителни дека има уште 150 милиони грантови, кои, исто така, се за оваа намена.

Деновиве пак, можевме да слушнеме и од премиерот Христијан Мицкоски и од министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, дека ќе седнат да разговараат со кредиторите и со финансиерите за пренамена на овие пари, пред сè за пругата север – југ.

Според министерката, не е баш така, а добрата вест е, како што ѝ кажале од  стручните служби од Министерството за финансии, дека овој кредит не е ефектуиран, па нема трошоци и затоа нема да се плаќаат пари за неповлечени средства.

Димитриеска-Кочоска веќе имала средба со Европската инвестициска банка, каде што зборувала за аргументите на Владата зошто не треба да се гради пругата кон Бугарија. Таа, исто така, објасни дека од средствата за Западен Балкан, на први јули се одобрени само 1 милион евра за изработка на документацијата за точките за реконструкција на пругата од коридорот 10 кон Грција, а потоа државата треба да ја прави финансиската конструкција и евентуално да бара грантови.

Проектиран е реален раст на БДП, а важни се инвестициите за да ја подигнеме економијата

 Министерството за финансии има реална проекција на БДП на 2,1 %, иако и таа е проследена со ризици. Првиот квартал и индикаторите од вториот квартал упатуваат на тоа дека нема да се оствари проектираниот раст со иницијалниот буџет од 3,4 %. Како што појаснува министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, проекцијата за раст на БДП за 2024 година е ревидирана на 2,1 %.

– Преземаме активности и насочени сме кон реализацијата на капиталните инвестиции, вршиме притисок да се реализираат проекти за да ја поттикнеме економијата. Економијата е приоритетот и нашиот интерес е насочен кон тоа – истакна Димитриеска-Кочоска и дополни дека е важно ова од аспект дека многу од расходите во буџетот зависат од процентот на БДП.

Според неа, има корисници што не успеваат да ги реализираат буџетските средства, но и буџетски корисници што, поради несоодветно постапување, предизвикуваат огромни штети врз буџетот, како што се исплатата на извршни решенија. Таа посочува дека само од Европскиот суд за човекови права годинава се на ниво од над 3 милиони евра, како и провизии во износ од 27 милиони евра, кои се платени од 2017 година наваму за нереализирани проекти, а за кои се земени кредити.

– Расходите во буџетот за 2024 година се поголеми и затоа и се пристапи кон ребаланс во кој се тргна од тоа да се обезбедат пари за она што е законска обврска и доспеани обврски за сервисирање. Се очекува расходите и во наредните години да се високи, за тоа, и при проектирањето на наредниот буџет за 2025 година, ќе треба да се постават приоритетите за кои ќе се обезбедат средства – рече министерката за финансии.

Добра е наплатата на даноците за јули 

Таа додаде дека во првата половина од оваа година се собрани приходи за 3,5 % пониски од планираното, но оти во јули има добра наплата.

– Кај приходите по основ на ДДВ, заклучно со јули, има повисока наплата за 20,8 %, данокот на добивка 20,1 %, данокот на личен доход 18,1 %. Дадени се насоки на институциите што се под надлежност на Министерството за финансии дека треба да се преземат одредени мерки што се во насока на подобри услуги и поефикасна наплата на приходите – рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

(В.Ма.)