Во Центарот за култура во Струга, ликовниот уметник Даме Затуровски пред публиката се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники во рамки на изложбата насловена „Ретроспектива“.
Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга.
Даме Затуровски е член на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Дипломиран правник. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.
За посета на изложбата предвидени се попладневни термини од 19.00 часот во текот на оваа недела.