Дома МАКЕДОНИЈА И годинава не ја прекрши традицијата за Илинден: Мицкоски во посета на...

И годинава не ја прекрши традицијата за Илинден: Мицкоски во посета на струшкото село Ташмаруништа

167

Премиерот Христијан Мицкоски на големиот празник Илинден издвои време да замине и во струшко Ташмаруништа, во кое, редовно го одбележува денешниот празник во изминативе години.

Како лидер на опозицијата, Илинден го одбележував во Струшко, Ташмаруништа. А сега кога ја имам честа и обврската да ја предводам Владата и покрај набиената агенда, најдов време и го посетив ова прекрасно место со срдечни луѓе кои го слават споменот за илинденската битка, објави Мицкоски на ФБ.

Тој во објавата порача дека Илинден е непокор и вечна борба за слобода, правдини, сега преточена во стремеж и битка за иднина каква заслужува Македонија!.