Валенсија ѝ се приклучи на Барселона во борбата против незаконското изнајмување, казни до 600.000 евра

111
Фото: EPA-EFE/KAI FOERSTERLING

Регионалните власти во Валенсија објавија дека лицата кои изнајмуваат сместување за туристи без валидна лиценца ќе добијат казна до 600.000 евра, според новиот предлог-закон по моделот на Барселона и другите светски градови.

И покрај тоа што Валенсија не отиде на целосна забрана за краткорочно изнајмување, како што направи Барселона, ова е значаен чекор во борбата против прекумерниот туризам.

Според локалните медиуми, регионалните власти во Валенсија изјавиле дека секое лице кое изнајмува сместување за туристи без валидна лиценца, односно на црниот пазар, може да добие казна до 600 илјади евра.

Изнајмувачите, дури и оние што користат апликации како Ербиенби, мора да добијат лиценца од соодветната туристичка агенција. На добивањето лиценца му претходи процес каде што закупецот испраќа документација до надлежната агенција која содржи детали и цел на сместувањето, доказ за сопственост, прилог за усогласеност со правилата за безбедност и енергетска ефикасност и доказ за осигурување.

Најновите бројки велат дека повеќе од 10.000 имоти во Валенсија се издаваат на краткорочна основа, а повеќе од 9.000 преку апликации како Ербиенби.