Најбогатиот човек на светот и сопственик на „Тесла“ Илон Маск го прифати предизвикот за борба на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Серијата прозивки на мрежата Х на Маск започна со неговите тврдења дека претседателските избори биле наместени и неговата отворена поддршка за воен удар. Откако Маск објави потерница на американската Агенција за борба против дрогата, која нуди 15 милиони долари за информации кои ќе доведат до апсење на венецуелскиот функционер, Мадуро го прогласи милијардерот за свој главен непријател и му рече: „Не се плашам од тебе, Елон. Ајде да се бориме, кога сакаш“.
Основачот на Tesla и првиот човек на компанијата Space X одговори на поканата на Мадуро со едноставна порака – прифаќам. На видеото од понеделникот, Мадуро држи мобилен телефон додека му објавува војна на Маск, тврдејќи дека сопственикот на X, сака да ја нападне Венецуела.
„Илон Маск, ти си очаен. Ти си надвор од колосек. Контролирај се или ќе паднеш како сите десничарски политичари во Америка. Секој што ќе се зафркава со мене, ќе биде повреден. Маск, сакаш ли да се пресметаме“, рече Мадуро и додаде:
Јас сум подготвен.
Elon Musk accepts Venezuelan President Nicolás Maduro’s challenge to fighthttps://t.co/s6vMoOkoyU
— FOX Business (@FoxBusiness) August 1, 2024
Во својот последен твит Маск напиша дека тргнува по Мадуро.
„Доаѓам по тебе Мадуро. Ќе те одведам во Гитмо (Гвантанамо) на магаре“, напиша Маск над твитот на кој Мадуро им се обрати на безбедносните сили.
I’m coming for you Maduro! 🚀💣
I will carry you to Gitmo on a donkey 🫏 https://t.co/RB5qltxsYI
— Elon Musk (@elonmusk) August 1, 2024
Предизвикот дојде откако Мадуро прогласи победа на претседателските избори во неделата. Тој тврди дека освоил 51 отсто од гласовите, а опозицијата тврди дека изборите се украдени. Кога беа објавени резултатите, Маск сподели видео на социјалните мрежи во кое Венецуелците на протестите ги кинат фотографиите на Мадуро и ја уриваат статуата на Уго Чавез.
„Социјалните медиуми создаваат виртуелна реалност, а кој ја контролира виртуелната реалност? Нашиот главен непријател, познатиот Илон Маск“, изјавил Мадуро.
I’m putting my money on Elon. He’s a towering figure and has the mindset of a honey badger! https://t.co/KQmVhVXPOx
— Gad Saad (@GadSaad) July 31, 2024
Потценување е да се каже дека социјалните мрежи реагираа веднаш по најавата за можна физичка пресметка.
Ова не е прв пат да се зборува за тепачка во која е вмешан Илон Маск. Милијардерот пред неколку месеци преговараше за пресметка со колегата Марк Цукерберг, шефот на Мета.
“Мадуро е големо момче и веројатно знае да се бори, тоа би била рамноправна борба. Зак е мал и таа борба не би траела долго”, одговорил Маск на една од бројните пораки.