Лице вработено во Институтот за јавно здравје, вчера, од засега непознати причини, ги исклучило фрижидерите во Институтот каде што се чувале реагенсите за заразни и за незаразни болести, соопштиja од МВР.

Информацијата денеска ја објави „Слободен печат“, според кој дека фрижидерите се исклучени, забележала хигиеничарката на тој оддел за микробиолошки испитувања.

  • Вчера (31.07.2024) околу 17 часот, во СВР Скопје било пријавено од Институтот за јавно здравје дека во временскиот период од 14:30 до 16 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, кажа МВР.