Голем пожар денеска избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.
Улиците во областа се затворени, а голема црн облак од чад е видлив над градот, пренесува Анса.
Од зградата на астрономската опсерваторија се евакуирани 40 лица, а пожарот се закани и на неколку згради.