Бизарен инцидент: Шетала по улица и врз глава и паднал германски овчар – кучето скокнало од 2 спрат и ја покоси/ВИДЕО

217
Foto: Printscreen/Facebook/Policija Lubelska

Видео снимка од необичен инцидент што се случи во полскиот град Лублин ги шокираше сите што го гледаа.

Полицијата од полскиот град Лублин во петокот извести дека 21-годишна девојка била соборена кога врз главата и паднал германски овчар, куче кое во истиот момент скокнало од вториот кат на зграда.

За среќа, при овој необичен судир никој не е сериозно повреден. Кучето веднаш станало и заминало, додека лекарите во болницата констатирале дека девојката немала сериозни повреди.

– Кучето најверојатно било преплашено од невремето, поради што скокнало од прозорецот на вториот кат од зградата и паднало точно врз девојчето. И покрај тоа што на почетокот инцидентот изгледал сериозен, 21-годишната жена не се здобила со повреди опасни по живот или здравје – соопшти провинцискиот полициски оддел во Лублин, пренесува Net.hr.

Сепак, сопственикот на кучето би можел да се соочи со вакви сериозни последици доколку биде обвинет за, како што официјално е наведено, „непостапување со должно внимание при чувањето на животното“.

– Во моментов спроведуваме дејствија поврзани со изложување на лице на непосредна опасност од губење на животот или сериозно оштетување на здравјето, за што е пропишана казна затвор до три години – соопшти полицијата.