СКАНДАЛ: Поранешниот водител на Би-би-си призна вина за поседување на детска порнографија

160

Поранешниот водител на вестите на Би-би-си, Хју Едвардс, денеска пред судот во Лондон се изјасни за виновен по три точки од обвинението за правење непристојни слики на деца.

Тој призна дека има 41 слика од деца, кои му ги испратил друг неименуван маж преку мрежата VocAp (WhatsApp), објави Би-би-си.

Обвинителот Иан Хоуп рече дека сликите биле испратени помеѓу декември 2020 и август 2021 година.