Убиениот лидер на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, ќе биде погребан во петок на 2 август во Катар, соопшти денеска палестинското милитантно движење.
Комеморацијата ќе се одржи утре во Техеран, каде што беше убиен Ханије, а потоа неговото тело ќе биде пренесено во Доха, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Хамас претходно денеска објави дека Ханије бил убиен синоќа во директен ракетен напад врз неговиот стан во Техеран, откако присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.