EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Британска рагбистка го напушти турнирот на Олимписките игри поради една фотографија на која се појавила со „поцрнето лице“, што предизвикува расизам.

Британските медиуми објавија фотографија на која се гледа нејзиното лице покриено со црна боја, првично испратена во приватен разговор на „WhatsApp“.

Британскиот олимписки комитет најави отворање на внатрешна истрага.

Триесет и двегодишната рагбистка, чие име не се соопштува, не беше на натпреварот Велика Британија-Кина, а од нејзиниот тим наведоа дека е отсутна поради здравствени причини.

Капитенот Ема Јурен изјави дека не знае многу за обвинувањата против сонародничката.

Не ни кажаа многу за тоа бидејќи знаеме дека треба да се концентрираме на играта и турнирот, рече таа, додавајќи дека телефоните се забранети во тимот.

„Црното лице“ го евоцира таканареченото минстрел шоу, основано во првата половина на 19 век во САД. Станува збор за претстави за време на кои белците си ги бојадисаа лицата црно за да се исмеваат со црнците.