EPA-EFE/TOMS KALNINS

Холандскиот олимпиец во одбојка на плажа, Стивен ван де Велде, кој беше осуден за силување малолетничка во 2016 година, беше исвиркан кога се појави на својот прв натпревар на олимпискиот турнир на стадионот во подножјето на Ајфеловата кула. Тој и неговиот партнер Метју Имерс загубија со 2:1 од италијанската двојка Рангиери/Карамбула. Кога тој беше претставен поединечно, луѓето почна да го исвиркуваат.

Ван де Велде (29) беше осуден на четири години затвор во 2016 година, откако призна дека силувал 12-годишно девојче. Тој отслужи дел од казната во обединетото Кралство каде што беа извршени злосторствата пред да биде префрлен во Холандија, каде на крајот беше ослободен, за да се врати на одбојката во 2017 година и да биде избран за Олимпијадата во Париз.

„Билд“ пишува дека Холанѓанецот има тројца телохранители кои се во чекор со него и се грижат ништо да не му се случи во Париз. Ван де Велде не е во Олимпиското село со останатите спортисти, а воедно не му е дозволено да разговара со медиумите. Според холандската одбојкарска федерација, Ван де Велде признал дека ја направил „најголемата грешка во својот живот, на млади години“.

-Не можам да вратам назад, па ќе морам да ги трпам последиците, изјави Ван де Велде.