Легендарниот 65-годишен Италијанец, Карло Анчелоти (65), најверојатно, ќе ја заврши тренерската кариера на крајот од оваа сезона. Тој е под договор со Реал до 2026 година, но наводно одлучил дека ова ќе му биде последната работа и дека ќе си замине на крајот од оваа сезона. „Кралевите“ се во потрага по негов наследник. Французите тврдат дека Зинедин Зидан би можел да се врати на клупата на мадридскиот гигант.
Имињата на потенцијалните наследници на италијанскиот стручњак се на лицитација веќе подолго време, а со Реал најмногу се поврзуваат Чаби Алонсо и Јирген Клоп. Сепак, лесно може да се случи ниту Чаби ниту Клоп да седнат на клупата на „кралскиот клуб“. Французите тврдат дека Зинедин Зидан би можел по трет пат да го преземе најголемиот клуб во светот.
Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, е подготвен да му даде уште една шанса на легендарниот Французин, бидејќи смета дека тој е вистинскиот човек за спектакуларниот тим, кој е изграден.
- Зинедин Зидан не се брза да најде работа. Се зборуваше за француската репрезентација, Јувентус, Марсеј, но легендата на францускиот фудбал продолжува да ужива во животот. Можно е да се подготвува за враќање во Реал Мадрид. Зидан се огради од Реал Мадрид по своето заминување во 2021 година. Сепак, враќањето на клупата во иднина е многу можно. Сите знаеме дека Карло Анчелоти нема уште долго да остане во Реал – вели мадридскиот новинар Марио Кортегана.
Славниот Зизу ги предводеше „кралевите“ во два наврата. Првиот мандат, во периодот од 2016 до 2018 година, му беше многу успешен, а вториот, од 2019 до 2021 година, помалку успешен.
Со Реал, освои два трофеја во Ла Лига, три титули во Лигата на шампионите и шест други трофеи.
Тој го предводеше тимот на 263 натпревари, со ефект од 174 победи, 53 нерешени и само 36 порази.