„Заветна“ од бисерното грло на младиот Ајдин како честитка за Илинден/ВИДЕО

553

Момчето од БиХ кое со својот моќен глас ги освои симпатиите на македонските граѓани, пеејќи македонски песни, го честита претстојниот национален празник Илинден, со изведба на „Заветна“.

„Заветна е песна која обединува. Тоа е парче музика за душата на Македонецот но и многу тешка за изведба песна. Се обидов да му ја објаснам ‘тежината’ на оваа песна на мојот Ајдин и за пеење и за нејзината суштина“, вели професорот Брашњиќ. Сета тага, сета болка, сета љубов, но и завет на Македонците се раскажува низ само една песна“, додава тој.

Оваа изведба иако само пред неколку денови веќе ги руши рекордите на слушаност ширум Балканот и светот.

Ајдин Османовиќ е од малoто босанскo гратче Сребреник кај Тузла, а со неговиот одличен талент и грло не фасцинира со изведбата на македонски традиционални песни.

Ајдин во една прилика при посетата на македонија истакна дека не му е тешко да пее на македонски јазик, иако не е негов мајчин јазик. На своите солистички концерти, покрај македонски, тој пее и традиционални босански песни. Неговиот професор и ментор Јасмин Брашњиќ, кој постојано го придружува Ајдин, истакна дека важно е да се негува и да се доближи традицијата до помладата генерација.

Минатата година во мај годинава, тој имаше солистички концерт во Крива Паланка.