EPA-EFE/VASSIL DONEV

Хрватска го прослави првиот медал на Олимписките игри во Париз, а најзаслужен е 27-годишниот Миран Маричиќ кој го освои бронзениот медал во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка. Но, ова е само круна на неверојатната 2024 година за него!

Маричиќ е роден во Бјеловар на 17 јуни 1997 година. Беше светски јуниорски шампион и повеќекратен освојувач на медали на светските и европските првенства.

За неговиот приватен живот е познато дека се ожени со својата повеќегодишна девојка Петра, а некои хрватски медиуми ја објавија веста дека наскоро ќе станат родители.

Исто така Маричиќ има диплома по информатички науки, а после тоа реши целосно да се посвети на спортот и не погреши, со оглед на тоа што донесе олимписки медал на својата земја.

  • Факултетот, како и спортот, ми одзеде многу време и имаше моменти кога беше навистина тешко да се избалансира сето тоа. Имаше случаи кога факултетот беше во втор план поради стрелаштвото, затоа што вежбав што беше физички напорен, а потоа сепак мораше да учам за колоквиуми и испити, изјави Маричиќ во една од своите изјави за хрватските медиуми.

Иако речиси 200 дена во годината е далеку од дома, тој истакнува дека тоа е голема жртва, но дека неговата сопруга Петра му е огромна поддршка.