EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Австралиската пливачка Моли О’Калаган го освои златниот медал на 200 метри слободно за 1:53.27 минути, што е нов олимписки рекорд. Бранителот на титулата, светска и олимписка рекордерка, Австралијката Аријарне Титмус, беше фаворит за златото, но на крајот мораше да се задоволи со сребро.

За 20-годишната Австралијка, ова е втор златен медал во Париз, бидејќи претходно учествуваше во победничката штафета 4х100 слободно. Таа го подобри времето за 23 стотинки од претходниот олимписки рекорд, кој го постави Титмус во Токио.