Службите ги евакуираат жителите на Дојран откако пожарот кој од депонијата стигна до градот зафати три куќи. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека засега нема повредени.
-Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши итна евакуација на граѓаните, а засега нема повредени.
Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, на Фејсбук информираше дека пожар избил и кај селото Николиќ во непосредна близина на Дојран.
„Апелирам за пожарот кој избувна пред малку во близина на Николиќ во општина Дојран ЕКСПРЕСНО да помогнат околните општини како што се Гевгелија, Валандово и Богданци“, напиша тој на Фејсбук.