Голем број туристи кои летуваат во Хрватска и Грција се жалат на чувство на печење за време на нивниот престој во морето, кое, како што тврдат, е причинето од планктоните во водата.
Присуството на планктони во морињата е честа појава, но забележливо е дека од година во година ова е се почеста појава на која се жалат многу луѓе.
Наводно, присуството на голем број планктони кои доаѓаат од длабокото море е всушност причинето од високите температури кои произлегуваат од глобалното затоплување.
-Од вчера во Неа Флогита кога ќе влеземе во вода нешто почнува да пецка и после тоа се појавува чешање. Водата е целосно чиста, нема медузи, нема трева или алги. Дали некој знае што може да биде и дали е опасно, особено за децата?- напишала жена од Србија на групата “Грција инфо“, а во коментар добила одговор дека најверојатно се работи за планктон.
Кога капачите влегуваат во водата доживуваат чувство на печење, кое почнува да чеша кога ќе излезат на брегот, но спонтано исчезнува по капењето и сушењето на кожата. На кожата не останува видлива иритација, ниту осип или слично.
Досегашните истражувања не покажале штетно влијание врз здравјето на капачите.
Овој феномен не е чуден и се случува со години, а научниците од Центарот за истражување на морето Руѓер Бошковиќ во Ровињ пред неколку години го потврдија присуството на зоопланктон во областа на северниот дел на Јадранот.
Тоа се Radiolaria, морски планктонски праживотни со големина од 0,15 милиметри. Исто така, постојат планктонски полжави Creseis acicula кои се хранат така што фрлаат долги прамени на слуз во морето како рибарска мрежа.
– Во морето овие денови може да се видат благо розови облаци од ситни игли, бидејќи ситните планктонски полжави „крезеи“ повторно се размножија. Затоа, ако чувствувате мало печење и чешање додека пливате, виновни се нивните иглични крлушки од 1 сантиметар – објаснија научниците за време на минатогодишната летна сезона.
Станува збор за организми кои сакаат топлина, а до Јадранското Море ги носат струи од јужните делови на Јадранското Море, објаснуваат од Националниот институт за биологија во Словенија.