Државниот инспекторат на Република Хрватска отповика говедско и пилешки коцки со тежина од 120 грама со рок на траење од 2 и 3 јули 2025 година поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината.
Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката за пилешко е од серијата 0307241 со рок на траење до 3 јули 2025 година, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата веб-страница.
Производител е компанијата Подравка од Копривница, на чија веб страница е објавена табела со детали од отповиканата серија. Само две серии беа наменети за хрватскиот пазар.
Производот не е во согласност со Регулативата за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната.
АХВ: Нема нотификација дека на нашиот пазар има небезбедни коцки за супа од „Подравка“