Се реконструира улицата „13“ во населба Илинден

569

Oпштина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо, а со цел подобрување на патната инфраструктува во населените места. Деновиве започна целосна реконструкција на улица „13“ во населба Илинден, во должина од околу 300 метри, каде со градежните работи покрај асфалтирањето ќе бидат опфатени и атмосферските води.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информираше дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица која ги поврзува улиците „19“ и „9“ и поминува покрај Домот на култура „Илинден“, е од огромно значење за жителите во овој дел на општина.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.