Загина струмичанец откако со автомобил удрил во паркиран автобус

83

Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки.

И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.