Владо Георгиев претера со пиењето – обожавателите му порачаа: „Бауљаш и чарлијаш, барба мој!“

271

Со широка насмевка, во добро расположение од алкохолот, пејачот не успеа да се отрезни до почетокот на концертот. Организаторот го наговараше да го презакаже настапот за наредниот ден, но тој не сакаше ни да слушне за тоа. Тетеравејќи се лево-десно, со раширени раце и нозе, едвај се искачи по скалите на бината

„Боже, колку многу може да испие овој човек за да одржи концерт“, се само некои од стотината коментари за лошото пијанство на популарниот поп-пејач Владо Георгиев. Пред некоја вечер, во својот роден Херцег Нови (на Црногорското Приморје) едвај успеа да застане на нозе поради пијанство, кое инаку му е добро познато.

Пред концертот, тој се запил со своето друштво во некој од многубројните ресторани во убавиот Херцег Нови, а неподносливата жештина само придонела за доброто расположение од алкохолот. До почетокот на концертот, Владо не успеа да се отрезни, организаторите го наговараа да го презакаже настапот за наредниот ден, но тој не сакаше ни да слушне за тоа.

Беше цврсто убеден дека и пијан може да одржи двочасовен концерт. Сепак, го почна концертот со задоцнување од цели два часа. Публиката беше неверојатно стрплива, го чекаше да се појави на сцената, да се уверат дали навистина е дотолку пијан. И имаа што да видат. Владо едвај излезе на сцената, а кога излезе, за малку ќе паднеше. Што се вели, ќе се треснеше од земја.

Како што напиша еден негов огнен обожавател од Црна Гора за ситуацијата што ја видел, на нивниот оригинален локален јазик „бауљам и чарлијам“, споредувајќи го пијаното однесување на својот „барба“ (како што нагалено го нарекуваат) со ветерот од сината морска ширина. Така и Владо, како „дувнат“, едвај се искачи на скалите на бината, обидувајќи се да испее нешто.

„Да не е тажно, ќе биде смешно“, коментираа луѓето што дојдоа на неговиот концерт, но голем број се разочараа. Пејачот не можеше да ја одржи рамнотежата, па тетеравејќи се лево-десно, со раширени раце и нозе, едвај се стабилизира. Меѓутоа, се сопна неколку пати, па пак продложи со истиот ритам. За овој настап на пејачот Владо Геогриев под дејство на алкохол во Херцег Нови нема некој што не (пре)раскажува деновиве, од Вардар до Триглав.

По ова што му се случи, Георгиев не дава никаков коментар. Дури и не го споделува видеото од настапот, туку става видеа од некои сосема други концерти на кои е пристоен и трезен.                                                                                                    Ех, Владо, Владо, што направи пиењето од тебе?! Како не знаеш кога ти е доста? Сепак, не си кој било!    Д.М.