МИЦКОСКИ: Македонците ќе ги искинат бугарските пасоши кога ќе станеме дел од ЕУ

841

Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали ќе побара од македонските граѓани да се откажат од бугарскиот пасош, изјави дека тоа е индивидуална одлука и дека, според она што го знае, различни етнички заедници во Македонија имаат вакви пасоши.

– Граѓаните што имаат бугарски пасоши, ќе ги искинат уште првиот ден откако ќе станеме дел од Европската Унија – вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека вистинското прашање е зошто македонските граѓани не барале бугарски пасош пред Бугарија да биде дел од ЕУ и дека, во најголем дел, стојат економски причини.

– Бугарскиот пасош не е поради етничката или националната припадност. Јас, како што знам, бугарски пасоши во Македонија имаат различни етнички заедници во Македонија, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, Власи, Бошњаци. Сите имаат поради економски причини, мислат дека на тој начин полесно ќе добијат работна дозвола за да работат во земјите од ЕУ – изјави Мицкоски.

Според него, овие граѓани не ги зеле пасошите затоа што се чувствуваат како Бугари и дека е сигурен дека најголемиот дел од нив утре би се откажале.

– Ако имавме нормален пат како што имаа сите земји членки, нови во ЕУ, јас ви гарантирам дека ниту еден македонски граѓанин во Македонија немаше да посака бугарски пасош. Ви гарантирам, ви потпишувам – изјави Мицкоски.