Затвореник од „Идризово“, кој бил пуштен на викенд-отсуство, вчера се обидел да ограби спортска обложувалница во Центар.
Според информациите од МВР, тој бил фатен од полицијата околу 17:00 часот. Се работи за Д.С., 43-годишник од Гостивар.
– Тој се сомничи дека околу 16:45 часот, со закана, се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар, во Скопје – велат од МВР.
Мажот бил вратен во затворот и, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.