Машката кошаркарска репрезентација на САД ја почна одбраната на олимпиското злато со победата од 110:84 против светскиот вицешампион, Србија, во 1. коло од групата Ц, во Лил. Американците погодија 18 од 32 тројки (56 проценти), предводени од Кевин Дурант, кој ги погоди сите пет обиди од далечина.
Но, многу поинтересен беше коментарот на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ.
- Натпреварот беше токму она што го очекувавме и не доживеавме ништо ново. Голема е разликата кога играат Американците против нас, очигледно имаат дополнителна мотивација. Не зборувавме многу за одбраната, тука почнува сè и тоа е не само овде, во подготвителниот дел, знаевме дека ќе ни ја притиснат организацијата на играта. Почнавме да шутираме прерано. Играте колку што дозволува вашиот ривал. Сето тоа е доказ дека ја загубивме организацијата на играта и сè што направивме добро, беше во првото полувреме. Тоа е најкратката анализа за овој меч – истакна Пешиќ.