Ердоган се закани со инвазија на Израел, Кац му одговори на заканата: „Сетете се на Хусеин“

150
EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ако Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно Карабах.

Одговорот од израелската страна не се чекаше долго.

„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сетите што се случи таму и како заврши“, напиша израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на социјалната мрежа Х.

Садам Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година, кога беше соборен и уапсен од западната коалиција и САД. Во 2006 година тој беше осуден на смрт со бесење за злосторства против Курдите и шиитите.

Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати од почетокот на војната меѓу Израелците и Хамас во октомври минатата година, а Израелците последниот чекор на Ердоган го протолкуваа како закана од инвазија.