Ердоган му удри шлаканица на момче кое не сакаше да му бакне рака/ВИДЕО

143

На социјалните мрежи беше објавено видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како му удира шлаканица на момче кое му пријде, но не му бакна рака.

Видеото е снимено за време на митингот во градот Ризе, а предизвика гнев кај корисниците на социјалните мрежи.

Момчето било предупредено од луѓето кои стоеле околу него, по што се согласило да ја бакне раката на турскиот претседател, кој потоа му дал џепарлак.

Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како физички „казнува“ деца.

Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како удира момче по глава.