Словенечката планинска спасувачка служба денеска спаси 17 планинари од Окрешље кои беа отсечени поради лизгање на земјиштето по невремето.
Долината Логар ја зафати силно невреме кое, како што пренесува 24ur, ја опустоши областа под водопадот Ринка, кој е популарен меѓу туристите.
Затрупано е коритото и патеката под водопадот широка 200 метри, како и камионот кој се наоѓал во близина на коритото. Заробени се и некои планинари, од кои 17 мораше да ги спаси Планинската спасувачка служба од Окрешље. Никој не беше повреден.
Пред една недела огромна маса од камења и карпи паднаа во долината и го оштетија патот и дел од пешачката патека што води до водопадот. Просторот се уште не е целосно саниран, а сега камењата повторно се спуштија.
Делови од Словенија денеска беа зафатени од невреме пропратено со силен дожд.
Жителите на одредени делови на североисточна Словенија исто така пријавуваат за поплавени згради, паднати дрвја и разнесени покриви. Пожарникарите мораа да интервенираат во Марибор и неговата околина, Словенске Горице, Словенска Бистрица, Ловренац на Похорје и Оплотница, јавува Танјуг.