ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување нови случаи од скандалите опфатени во серијалот „Ограбена држава“. Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ вчера го повика Јавното обвинителство брзо да реагира за Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за кој што вели дека свесно ја оштетил државата заработувајќи милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата за ископ.

– ЈО мора да почне да постапува согласно закон. Дрин Ахмети преку неговата фирма ЕВЕРЕСТ ХД го оштетил Буџетот на државата не платил концесија во висина на извршените ископи од над 1,6 милиони – вели Лефков.