Најмалку 11 лица загинаа денеска во лизгање на земјиште во југоисточна Кина по обилните дождови и тропска бура што го погодија регионот, јавија државните медиуми.
Свлечиште затрупа куќа во селото Јуелин во провинцијата Хунан, објави државната CCTV.
Во друга несреќа, едно лице на скутер загинало во Шангај кога дрво паднало врз дрво кое било соборено од бурните ветрови, пренесе АП.
Ова се првите смртни случаи во Кина поврзани со последиците од тајфунот Гаеми, кој ослабна во тропска бура, соопшти агенцијата.
Пред да стигне до Кина, тајфунот донесе монсунски дождови на Филипините, при што загинаа најмалку 34 луѓе. Потоа тајфунот го погоди Тајван, каде бројот на жртви се искачи на десет, соопштија локалните власти, пренесува Танјуг.