Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска допатува во Лаос на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), а на маргините на средбата ќе се сретне и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Посетата е дел од азиската турнеја чија цел е зајакнување на американските врски со регионот, а Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипини, Сингапур и Монголија, пренесува АП.
„Разговорите се насочени кон натамошно продлабочување на врските меѓу САД и АСЕАН на основа без преседан“, соопшти Стејт департментот непосредно пред Блинкен да пристигне во Виентиан.